• вторник, 05 ноември 2024

Третпат суспендиран детален урбанистички план во Тетово - место од фабрика предвиденo за згради

Третпат суспендиран детален урбанистички план во Тетово - место од фабрика предвиденo за згради

Тетово, 13 октомври 2023 (МИА) - Советот на Општина Тетово денеска третпат изгласа суспензија за детален урбанистички план (ДУП) за урбан блок 57А. Овој ДУП беше донесен во време на претходната градоначалничка, на местото на Шумарско-индустрискиот комбинат (ШИК) „Јелак“ каде се предвидени да се градат дваесетина згради за домување и трговски центри. Ваква суспензија за овој блок беше направена во декември 2021 година и на 31 март годинава.

Пред две недели Советот усвои нов ДУП за блок 57А, за кој почнува соодветна процедура со јавна анкета и уште неколку чекори пред да биде испратен во Министерството за транспорт и врски за согласност.

Според претседателот на Советот Бесар Дурмиши со суспензија се запира првичната намера да се прават голем број згради, но без потребните стандарди за зеленило, паркинг, училишта и слично.

-Мора да направиме споредба со претходниот и новиот ДУП, односно со стариот ДУП беа предвидени 34.494 квадратни метри станбена површина, додека со новиот 28.500 метри квадратни. Наместо 16.028 ќе има 15. 800 квадратни метри деловни згради. И најважно во претходниот ДУП немаше предвидено простор за зеленило и рекреација, а со новиот ќе има 3591 квадратни метри, изјави Дурмиши.

За новиот ДУП гласаа советниците од мнозинството составено од 16 советници од Движење Беса и ВМРО-ДПМНЕ, додека против немаше, а 12 советници гласаа воздржано. ас/мд/

фото: МИА 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан