• сабота, 06 декември 2025

Трето место за Трајковски на митинг во Сестриере

Трето место за Трајковски на митинг во Сестриере

Сестриере, 10.август 2025 (МИА) - Македонскиот атлетичар Андреас Трајковски го освои третото место во скок во далечина на митингот во Сестриере, Италија. Тој во последната серија имаше скок со должина од 7.87 метри, но со недозволен ветар од +3.8 м/с. 

Македонскиот атлетичар имаше во сите шест серии успешни скокови.

1 обид - 7.64 метри (-1.9)

2 обид - 7.69 метри (+0.4)

3 обид - 7.61 метри (-1.1)

4 обид - 7.57 метри (+0.5)

5 обид - 7.61 метри (+3.7)

6 обид - 7.87 метри (+3.8)

Првото место му припадна на Кристијан Пули од Финска со скок со должина од 8.06 метри, истата должина ја имаше и второпласираниот Мариус Вадеикис од Литванија, но со послаба серија.   мн/

Фото: Фејсбук АК Работнички

Остани поврзан