• недела, 29 септември 2024

Трета победа за Вардар во петтиот настап сезонава во СЕХА-лигата

Трета победа за Вардар во петтиот настап сезонава во СЕХА-лигата
Скопје, 19 март 2021 (МИА) – Ракометарите на Вардар вечерва го совладаа тимот на Мотор од Запорожје, Украина со 32:27 во 5. коло од регионалната СЕХА-лига. Црвено-црните ја имаа контролата на резултатот во текот на целиот натпревар одигран во СЦ „Јане Сандански“. Највисокото водство на вардарци изнесуваше седум голови разлика (31:24). Најефикасен во победничкиот состав беше Анте Гаџа со осум погодоци, Тимур Дибиров и Гоце Георгиевски постигнаа по шест. Мотор е лидер во Б-групата со три победи и еден пораз, Нексе и Вардар имаат по три победи и два загубени натпревара, Војводина е последна со четири загубени меча. зс/

Остани поврзан