• петок, 22 ноември 2024

Тренчевска: Неосновани се реакциите дека еднострано се укинуваат колективните договори

Тренчевска: Неосновани се реакциите дека еднострано се укинуваат колективните договори

Скопје, 12 јануари 2023 (МИА) – Општиот колективен договор ќе биде потпишан штом ќе има усогласување од сите страни по Предлог-законот  за платите во јавниот сектор во кој е и новата методологија за плати,  рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Посочи дека ќе има дебати за во иднина да нема недоразбирање меѓу синдикатите и власта и дека ќе биде прифатливо се ако е конструктивно.

Тренчевска ги негираше синдикатите кои алармираат дека еднострано се раскинуваат колективните договори.

-Неосновани се реакциите дека еднострано се укинуваат колективните договори. Сите реакции се по објавувањето на Предлог-законот  за платите во јавниот сектор на ЕНЕР, изјави Тренчевска за медиумите по потпишувањето Правилник за функционална проценка на деца и млади со попреченост. хс/аа/

Остани поврзан