• недела, 22 декември 2024

Тренчевска: И со претходните достигнувања, и со актуелната изборна програма докажавме дека работниците се на прво место

Тренчевска: И со претходните достигнувања, и со актуелната изборна програма докажавме дека работниците се на прво место

Скопје, 1 април 2024

Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска вечерва заедно со претседателот на Сојузот на Синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов и претставникот на Организацијата на работодавачи на Македонија, Ангел Димитров беа гости на дебатната емисија Анализа 24 на Телевизија 24. 

„Во изминатите години покажавме дека се грижиме за работниците особено во делот на растот на платите, затоа што во некои сектори имаше пораст на плата дури до 70%. Го потпишавме колективниот договор во јавниот сектор за повеќе права на работниците и по тој пример се надевам дека ќе се потпише нов општ колективен договор“ истакна Тренчевска.

Таа посочи дека со последното покачување, платите на работниците се зголемени за 124%, додека само минималната плата е покачена за 180%. Тренчевска рече дека и понатаму продолжува грижата за работниците, затоа што целта до 2028 година е минималната плата да порасне до 600 евра.

Во однос на порамнувањето на платите кај работниците со различно ниво на одговорност посочи дека се работи на решение кое треба да функционира од 2025 година.

„Со методологијата која треба да се применува од 1ви март 2025 ќе се направи коефициент за секое ниво и тука ќе ги одделиме нивоата на сложеност на работата при што нема да се изедначуваат платите“ изјави Тренчевска.

Дополнителната министерка зборуваше и за покачувањето на платите на функционерите.

„Одлуката во 2012 година кога се замрзнаа платите на функционерите е исто така срамна одлука. Растеа платите во сите сектори освен тие на функционерите. Тоа е апсолутен популизам од 2012 година. Она што го донесовме во изминатиот период е во рамки на законот. Во парламентот поминаа измените на 6 закони со кои се намалија процентите за да нема повторно покачување на платите“ рече Тренчевска

Таа објасни дека коефициентите се така направени за да нема порамнување на платите на функционерите.

На крај од дебатата министерката зборуваше и за последните анкетни истражувања за изборите и истакна дека СДСМ нуди квалитетна изборна програма, со исклучително добри носители и коносители на листи кои го гарантираат најдоброто за граѓаните.

Соопштение за јавност - Јованка Тренчевска

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан