• вторник, 19 ноември 2024

Тренер на Анадолу Ефес: Во мај, Евролигата ќе го именува градот каде ќе заврши сезоната

Тренер на Анадолу Ефес: Во мај, Евролигата ќе го именува градот каде ќе заврши сезоната
Истанбул, 19 април 2020 (МИА) – Тренерот на Анадолу Ефес, Ергин Атаман, ги сподели своите размислувања за можното продолжување на сезоната 2019/20 во Евролигата, која беше суспендирана поради пандемијата на коронавирус. - Мислам дека сезоната ќе продолжи во јули, 99 проценти натпреварите ќе се одржат без гледачи. Евролигата ќе ги собере сите екипи во еден град, каде ќе има најмалку ризици. Таму ќе ги играме преостанатите 6 кола од регуларната сезона, а потоа ќе се организира финален турнир на осумте најдобри. Ова сценарио ми се чини најверојатно. Мислам дека градот во кој ќе се одржи сето ова ќе биде објавен во мај, изјави Атаман. Според турскиот кошаркарски стручњак, во Истанбул ќе биде тешко да се организира сето тоа, иако имаше такви варијанти. - Мислам дека осминафиналето ќе се одржи во Келн, каде требаше да се одржи „Фајнал фор“. Ако не ја завршиме сезоната, може да се појават сериозни проблеми, нагласи тренерот на Ефес. зс/

Остани поврзан