• петок, 22 ноември 2024

Тренерот на Салернитана доби отказ по поразот од Аталанта

Тренерот на Салернитана доби отказ по поразот од Аталанта

Рим, 16 јануари 2023 (МИА) - Салернитана му врачи отказ на Давиде Никола како главен тренер, објави прес-службата на тимот.

Одлуката за прекин на соработката со тренерот беше донесена и по кревкиот пораз од Аталанта (2:8) во натпреварот од 18. коло на италијанското фудбалско првенство.

Четириесет и деветгодишниот италијански фудбалски стручњак работи во Салернитана од февруари 2022 година.

Под негово водство, тимот одигра 19 натпревари во Серија А, победи на четири од нив, шест загуби и девет пати ремизираше. Тимот е 16-ти во поредокот на италијанскиот шампионат. зс/

Остани поврзан