• петок, 14 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Тренерот на Милан лут на судиите и новинарите

Тренерот на Милан лут на судиите и новинарите


Болоња, 28 февруари 2025 (МИА) – Тренерот на италијанскиот фудбалски гигант Милан, Серхио Консеисао се пожали на судењето по синоќешниот првенствен пораз од Болоња со 1-2, тврдејќи дека судијата не сигнализирал играње со рака при израмнувачкиот гол на домаќините.
„Имаше очигледно играње со рака при израмнувачкиот гол. Судиите се луѓе и можат да грешат. Проблемот е во критериумите, како во некои ситуации, кога нема ништо спорно веднаш се огласуваат, а друг пат не сигнализираат ништо. Неколку пати сме доживеале такви ситуации и тие се покажаа како одлучувачки“, изјави Консеисао по натпреварот.
Во последниот натпревар од деветтото коло во италијанската Серија А, Милан поведе во 43. минута со голот на Португалецот Рафаел Леао. Сепак, на стартот од вториот дел, во 48. минута Болоња израмни преку Кастро. Победата на домаќините им ја донесе Ндоје во 82. минута.
Болоња се искачи на шестото место на првенствената табела, додека Милан падна на осмото место.
По синоќешниот натпревар, Консеисао се налути и на новинарите: „Гледам дека постојано пишуваат за мене и за тоа што ме чека. Зборуваат за мене како овде да сум паднал од небо овде. Пред да дојдам во Милан освоив 13 трофеи, зад мене имам сто натпревари во Лигата на шампионите, противници ми беа големи тренери како Сари и Пиоли и успеав да ги надмудрам“, рече Консеисао. ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан