• сабота, 29 јуни 2024

Трајковски: Три години работиме заедно да го изградиме Делчево подобро место за живеење

Трајковски: Три години работиме заедно да го изградиме Делчево подобро место за живеење
Делчево, 3 ноември 2020 (МИА) – Три години заедно работиме за да го изградиме Делчево подобро место за живеење. Ова меѓу другото на денешната прес-конференција, го истакна делчевскиот градоначалник Горан Трајковски кој по повод отчетот за неговата тригодишна работа. Тој истакна дека заедно со неговиот тим работеле посветено, одговорно и максимално, вложувајќи се во решавањето на многу отворени прашања за граѓаните на Делчево, од сите сфери на живеењето. -Имавме прашања кои често беа ставани „под тепих“ од моите претходници, но успеавме да одговориме на круцијални прашања во Делчево, ги реализиравме сите ветени капитални инвестиции, изградивме патна инфраструктура на територијата на Општина Делчево во должина од над 18 км, решивме децениски проблеми со кои го подобруваме квалитетот на животот, рече Трајковски По повод отчетот на работата на локалната власт, тој се осврна и на останатите реализирани проекти, соработката со Советот на Општина Делчево и подобрувањето на ефективноста на општинската администрација. -Имаме реализирано над 36 проекти, кои на кој било начин значеа подобрување на патната инфраструктура со изградени, реконструирани и рехабилитирани голем број на патишта, важни за градот, регионот и селските средини. Имаме реализирано голем број на проекти од областа на подобрување на комуналната инфраструктура, голем број на инвестиции во воспитно-образовните установи, соработувавме со културните установи и притоа ги подобривме услугите за граѓаните, имаме одлична соработка со НВО секторот и направивме сè што беше во наша моќ, да го реализираме ветеното и притоа да реализираме проекти надвор од програмата, додаде Трајковски. Од општината ги упатија граѓаните, сето она што е сработено за време на тригодишниот мандат на градоначалникот Горан Трајковски, да го погледнат на општинската веб-страница, каде можат да дадат своја оценка за неговата работа. вс/ир

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан