• понеделник, 30 септември 2024

Трајковски: Се градат краци од улица „Орце Николов“ во Делчево

Трајковски: Се градат краци од улица „Орце Николов“ во Делчево

Делчево, 30 септември 2024 (МИА) - Во населбата „Шумски Расадник“ во Делчево во тек е изградба на краци од улицата „Орце Николов“, соопшти денес градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски. Целта на активностите како што посочи е да се одговори на барањето и потребите на жителите од оваа населба.

- Се решава проблемот со патната инфраструктура во одел од оваа населба.

Во моментов се изведуваат земјени работи на теренот по што ќе следува асфалтирање на краците кои се со вкупна должина од околу 270 метри и пешачки патеки во должина од околу 70 метри, истакна Трајковски.

Инвестицијата за изградба на овој проект е на Општина Делчево, а изведувач на работите е Атеа фемили ДООЕЛ Зелениково.

Воедно градоначалникот на Делчево информираше дека напредува изградбата на три улици во населбата Пролет во Делчево.

- Се работи со полна пареа на изградба на улица 3, улица 5 и улица 6 во населба Пролет со вкупна должина од 510 метри со претходно поставување на атмосферска канализација. Работите се во напредна фаза и со предвидената динамика, додаде Трајковски напомнувајќи дека и на овие улици изведувач на работите е гореспоменатата фирма.

Очекува за многу краток период жителите од двете населби да добијат асфалтирани улици. вс/ир/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан