Трајкова: Социјалната политика и граѓаните во фокусот на финансиските политики и со овој ребаланс на Буџетот
- СООПШТЕНИЕ - Социјалната политика и граѓаните остануваат во фокусот на финансиските политики и со овој ребаланс. Обезбедуваме дополнителни 2,5 милијарди денари за пензии. Конкретна поддршка за над 338.000 граѓани. За оние кои цел живот работеа, сега државата возвраќа со стабилност и поддршка.
4 јули 2025
Интегрален текст од изјава за медиуми – Моника Трајанова, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ
Почитувани,
Социјалната политика и граѓаните остануваат во фокусот на финансиските политики и со овој ребаланс.
Обезбедуваме дополнителни 2,5 милијарди денари за пензии.
Конкретна поддршка за над 338.000 граѓани. За оние кои цел живот работеа, сега државата возвраќа со стабилност и поддршка.
Дополнителни 250 милиони денари плус за изградба и опремување на нови детски градинки. Програмата 3 – „Детска заштита“, добива финансиска инјекција, што претставува зголемување за 17%, а во ставката „Други градежни објекти“ имаме зголемување од фантастични 1570%.
Овие средства ќе значат зголемени капацитети во градинките, подобри услови - и помалку чекање за секое дете и секој родител.
Правиме и чекор напред кон достоинство за лицата со попреченост.
Ребалансот одвојува 505 милиони денари за деинституционализација, со што се финансира отворање на нови дневни центри, рехабилитациски услуги и поддршка на заедницата. Сево ова со јасна цел: грижа поблиску до домот.
Почитувани,
Неуморно работиме за да бидеме сигурни дека децата ќе имаат каде да растат, дека лицата со попреченост ќе добијат соодветна грижа, дека пензиите нема да доцнат, а дека државата ќе е тука секогаш кога е најпотребна.
Ова не се ветувања. Ова се јасни и недвосмислени чекори кои покажуваат дека никој нема да биде заборавен.
Ви благодарам.
Центар за комуникации ВМРО-ДПМНЕ
фото:МИА архива
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.