• петок, 27 декември 2024
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Трајановски: Се работи на капиталниот проект за заобиколница околу Кавадарци 

Трајановски: Се работи на капиталниот проект за заобиколница околу Кавадарци 

Кавадарци, 19 декември 2024 (МИА) - Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, денеска информира дека се работи на капиталниот проект за заобиколница околу Кавадарци, а проектната задача заедно со локалната самоуправа, за обиколницата, е дефинирана.

- Се надеваме дека сега во јануари месец ќе го објавиме тендерот за проектирање. Проектната задача ја работи градежниот факултет и мислам дека е при крај. Се надевам дека тоа брзо ќе биде направено. Се надевам исто така дека некаде пред локалните избори, ќе го објавиме и тендерот за градба на таа делница. Со оглед на тоа што Кавадарци е индустриски град и има голем број на товарни возила, што не треба да се движат низ градот. Со заобиколницата ќе се добијат повеќе придобивки. Камионите нема да се движат низ градот, побрзо ќе се движат надвор од населено место, а населението ќе биде помирно и побезбедно, подвлече Трајановски, кој денеска беше во работна посета на Кавадарци. свд/цр

Фото : МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан