Трајановски: БРТ на Шилегов е несоодветен и има доста негативни страни
- „Јас моето мислење за овој проект го кажав на мојот ФБ и тоа два пати. На некој начин го предупредив и сакав да му дадам дознаење на градоначалникот Шилегов дека ова не е добар проект, дека о
„Морам да ви кажам дека кога во 2013 година Општина Центар ја доби СДСМ, а особено 2017-тата година тие им ветуваа на граѓаните дека ќе ја стопираат градбата во Центар особено на големите објекти, ќе направат мораториум и ќе ги променат ДУП-овите. Што направија од тоа? Стопираа делимично, мораториум направија на одредени проекти, меѓутоа мораториум согласно на сите законски прописи тие требаа да направат измена и на ДУП-овите, но тие направија онака како што тие сметаа дека треба да биде уредено“, истакна Коце Трајановски, поранешен градоначалник на Скопје и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во дневникот на Сител телевизија.
Трајановски додаде дека СДСМ му го зема корисничкото право на ПУИК за стопанисување на пакингот пред Холидеј Ин.
„Му го земаа корисничкото право, му дадоа извод од ДУП на инвеститорот, му дадоа да го дооформи земјиштето. Само извод од ДУП не знам дали е во мораториумот или после мораториум. Тоа мора после да си видат службите. Му дадоа да го дооформи земјиштето, и кога Уставен суд го укина ова, огромна документација однесоа во Центар и за многу брзо време Центар оваа документација ја прегледа, и ја даде на Градот Скопје за да се пресметат комуналии и да се издаде градежна дозвола“, рече Трајановски.
Трајановски посочи дека и тој се прашува кој кого лаже. Дали кога беа на изборите и рекоа дека нема да има градби или сега кога им велат на граѓаните па ќе се види, па мораториум е.
„Јас сметам дека треба граѓаните да се прашаат, да се има јавна расправа, граѓаните да одлучат што треба таму да има“, нагласи Трајановски.
Трајановски укажа дека има различни форми на кои граѓаните можат да бидат консултирани.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _______________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки