• вторник, 05 ноември 2024

Трамп: Размислувам да воведам карантин за Њујорк, Њу Џерси и Конектикат

Трамп: Размислувам да воведам карантин за Њујорк, Њу Џерси и Конектикат
Вашингтон, 28 март 2020 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека размислува да воведе карантин во државите Њујорк, Њу Џерси и Конектикат за намалување на ширењето на коронавирусот. Трамп рече дека размислува за карантин, но истовремено повика и на што побрзо закрепнување на економијата. - Бројот на заразени во Њујорк надмина 52.000 лица, изјави гувернерот на државата Ендру Куомо. паг/

Остани поврзан