• петок, 05 декември 2025

Трамп ќе потпише указ за намалување на цените на лековите во САД

Трамп ќе потпише указ за намалување на цените на лековите во САД

Вашингтон, 12 мај 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денеска ќе потпише указ за намалување на цените на лековите на рецепт на ниво што го плаќаат и другите високоразвиени земји, што би можело да значи намалување од 30 до 80 проценти.

Во објава на социјалната мрежа „Трут Соушал“, Трамп изјави дека ќе потпише указ за спроведување на таканареченото „ценообразување на најповластената нација“ или меѓународно референтно ценообразување.

Според американски медиуми, САД плаќаат највисоки цени за многу лекови на рецепт – често речиси трипати повеќе од другите развиени земји. Трамп рече дека сака да ја елиминира оваа разлика, но не прецизираше како точно тоа ќе се постигне.

„Првпат по многу години, ќе воведеме ПРАВДА ВО АМЕРИКА!“, истакна Трамп во својата објава. ссм/

фото: архива

Остани поврзан