• вторник, 19 ноември 2024

Трамп ја тужи Владата поради претресот на неговиот дом во Флорида

Трамп ја тужи Владата поради претресот на неговиот дом во Флорида
Вашингтон, 23 август 2022 (МИА) - Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја тужи Владата поради претресот на неговиот имот и побара од судот привремено да го блокира Федералното истражно биро во прегледување на материјалите, што пред две недели беа запленети од неговиот дом во Флорида. Трамп, во вчера поднесената тужба пред федералниот суд во Вест Палм Бич, Флорида, бара американското Министерство за правда да му достави детален список на предмети запленети од ФБИ од неговиот дом во Мар-а-Лаго за време на претресот на 8 август. - Не може да се дозволи политиката да влијае врз спроведувањето на правдата... Спроведувањето на законот не може да се користи како оружје за политички цели“, се вели во барањето на Трамп. Понекогаш во многу чувствителни случаи, судот може да назначи специјален администратор, обично пензиониран судија или адвокат, да ги разгледа запленетите материјали и да се погрижи истражителите да не ги видат заштитените информации. ми/

Остани поврзан