• понеделник, 25 ноември 2024

Трамп ја проширува предизборната битка и ќе се обиде да ги освои демократските бастиони

Трамп ја проширува предизборната битка и ќе се обиде да ги освои демократските бастиони

Вашингтон, 2 ноември 2024 (МИА) - Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ги посети традиционално демократските држави  Њу Мексико и Вирџинија во последните денови од својата предизборна кампања, правејќи ризично отклонување од седумте најоспорувани држави за да посети места каде републикански кандидат не победил со децении.

Поранешниот американски претседател одржа митинг во четвртокот во Албукерки, Ново Мексико, а денеска треба да го посети градот Салем во Вирџинија.

Предизборниот штаб на Трамп покажува оптимизам, делумно врз основа на податоците од претходното гласање, и смета дека тој може да се натпреварува со демократската кандидатка Камала Харис во двете држави – особено во Њу Мексико, доколку победи во клучните држави Невада и Аризона.

Оваа надеж постои и покрај тоа што во Њу Мексико и Вирџинија републикански претседателски кандидати немаат победа од времето на Џорџ Буш помладиот во 2004 година.

Во изминатите месеци, во државите каде двајцата кандидати се во тесна борба, како Аризона, Џорџија, Мичиген, Невада, Северна Каролина, Пенсилванија и Висконсин, предизборните настани беа континуирани, а населението изложено на интензивна кампања преку билборди, смс пораки, телевизиски реклами. Само во изминатите две недели, претседателските и потпретседателските кандидати од двете партии остварија 21 посета на Пенсилванија, 17 во Мичиген и 13 во Северна Каролина. Во другите 43 држави, посетата на кој било претседателски кандидат беше невообичаено ретка. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан