• петок, 22 ноември 2024

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата, предлага повеќе од две

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата, предлага повеќе од две

Вашингтон, 15 мај 2024 (МИА) - Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска ја прифати поканата на американскиот претседател Џозеф Бајден за телевизиска дебата, истакнувајќи дека се потребни повеќе од две дебати.

Трамп на својата социјална мрежа напиша дека е подготвен и подготвен да дебатира со Бајден, истакнувајќи дека ќе биде неопходно да се одржат повеќе од двете предложени дебати, пренесува Еј-Би-Си Њуз.

Бајден претходно денеска го покани Трамп да одржат две претседателски телевизиски дебати во јуни и септември, а подоцна на платформата Х напиша дека ја прифатил поканата на Си-Ен-Ен за дебата со Трамп на 27 јуни.

Малку подоцна тимот на Трамп соопшти дека и тој ја прифатил поканата на оваа телевизија, пренесе Си-Ен-Ен.

Тимот на Бајден посочи дека неговата одлука да не учествува во традиционалните дебати организирани од Демократската и Републиканската партија се должи на фактот што тие се дизајнирани „како забавен спектакл, а не како сериозна размена на идеи што го одразуваат огромниот влог во изборите“.

Претседателските избори во САД ќе се одржат на 5 ноември.сд/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан