• среда, 25 декември 2024

Трамп со критика до поранешниот претседател Џорџ Буш Помладиот

Трамп со критика до поранешниот претседател Џорџ Буш Помладиот
Вашингтон, 4 мај 2020 (МИА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа упати критики до поранешниот американски претседател Џорџ Буш Помладиот, откако тој повика за обединување на двете партии, демократската и републиканската, во борбата против коронавирусот. - Ајде да се потсетиме колку се мали нашите несогласувања во лицето на оваа општа закана, изјава Буш во видео објавено на Твитер. Тој повика да не се партизира кризата бидејќи „луѓето подеднакво се ранливи и подеднакво се прекрасни во лицето на Господ. Се качуваме или паѓаме заедно, но ние несомнено се качуваме“. Во соопштение на Твитер синоќа, Трамп го осуди Буш бидејќи тој не изразил поддршка за време на неговиот судски процес за импичмент, кој заврши на почетокот на годината. - Го немаше никаде да се јави и да каже нешто против најголемата измислица во американската историја, напиша претседателот во порака на Твитер. Претставничкиот дом на американскиот Конгрес изгласа отповикување на Трамп лани в декември обвинувајќи го за обид за поткуп на Украина за да се изврши истрага за негов политички ривал. Во февруари, Сенатот донесе одлука Трамп да биде ослободен од обвиненијата. кб/

Тагови

Остани поврзан