• понеделник, 23 декември 2024

Трамп: Нема да кажам кој е одговорен, но Русија не е вмешана во експлозиите на гасоводите Северен Поток 1 и 2

Трамп: Нема да кажам кој е одговорен, но Русија не е вмешана во експлозиите на гасоводите Северен Поток 1 и 2

Вашингтон, 12 април 2023 (МИА) – Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека Русија не е одговорна за експлозијата на гасоводите Северен поток во септември минатата година и навести дека САД би можеле да бидат вмешани во инцидентот.

Не сакам да ја доведам нашата земја во неволја, затоа нема да одговорам. Но, можам да ви кажам кој не беше – Русија. Тоа не беше Русија. Ја обвинија Русија. Знаете дека тие рекоа: Русија го разнесе сопствениот гасовод, истакна Трамп.

Гасоводите Северен поток 1 и 2 беа уништени во септември минатата година од серија експлозии кои, според се, несомнено е дека биле предизвикани намерно.

За време на експлозиите ниту еден од четирите гасоводи не беше активен, Северен поток 2 поради санкции и Северен поток 1 Русија претходно го затвори поради дефекти што не можеше да ги поправи поради санкциите. Но, гасоводите беа полни.

Истражителите во Шведска и во Данска, земјите во чиишто ексклузивни економски зони се случија експлозиите, потврдија дека инцидентите биле резултат на саботажа, но не посочија виновник.

Москва постојано ги отфрла обвинувањата дека стои зад експлозиите и се обидува да го обвини Западот. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан