• понеделник, 23 декември 2024

Трамп и Бајден со засилена кампања во клучните држави го завршуваат последниот ден пред утрешните избори  

Трамп и Бајден со засилена кампања во клучните држави го завршуваат последниот ден пред утрешните избори  

Вашингтон 2 ноември 2020 (МИА) - Актуелниот претседател Доналд Трамп и неговиот опонент, демократскиот кандидат Џо Бајден, го завршуваат последниот ден од предизборната кампања со настапи во клучните држави за победа на изборите на 3 ноември, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Трамп вечерва е во Мичиген. Оваа сојузна држава, покрај главните други северни држави, како Висконсин и Ајова, се некои кои Трамп ги доби во 2016 година. Според анкетите, расположението на јавноста во овој дел на САД сега евидентно не е во негова полза и борбата за победа таму ќе се води околу овие три држави, и Пенсилванија, каде денеска на пладне настапи Бајден. 

Пенсилванија, главната „фронотова“ држава која Трамп исто така ја доби во 2016 година, е од таканареченото „раст белт“, со многу индустриски капацитети, рудници и повеќе наоѓалишта на нафта од шкрилци.

На митингот денеска, Бајден порача дека под негово водство треба да се очекува економски бум на САД предводен од работниците од овој дел на Америка. 

-Никогаш не сум рекол дека се откажувам од фракинг, порача Бајден, алудирајќи на критиките од Трамп дека тој изјавил дека е против извлекување нафта од шкрилци. 

Во Пенсилванија, Трамп, пак, оддржа митинг во родниот град на Бајден, Скрантон и во уште едно помало место во провинцијата, а во план се митинзи и во Аризона, Северна Каролина и Мичиген. Со вкупно пет настапи денеска во четири држави, Трамп води симултанка од класични митинзи со илјадници луѓе кои не носат маски и се закана од ширење на новиот коронавирус, пандемија од која што САД настрадаа најмногу. 

-Отпушти го, отпушти го, скандираа неговите поддржувачи за Антони Фаучи, главниот инфектолог на САД, на вчерашниот митинг во Опа-Лока, Флорида. Трамп рече дека го цени нивниот совет и дека ќе го стори тоа ако победи. 

Митинзите на Бајден и Харис, пак ,се без собирање поддржувачи кои ги следат говорите од паркирани автомобили.  

Поранешниот претседател Барак Обама дојде на испомош да агитира за Бајден како негов „сурогат“. Викендов тој имаше настапи во Флорида, а денеска заврши во Атланта, Џорџија.

Кандидатката за потпретседател од демократите, Камала Харис, пак, вчера беше во Северна Каролина, а нејзиниот опонент, потпретседателот Мајк Пенс, настапи во Пенсилванија. 

Државите од „сончевиот појас“, како Аризона, Џорџија, Северна Каролина, се некои од јужниот дел на САД каде расположението на гласачите се менува.

Според анкетите, Бајден во овие држави води за околу пет до шест процентни поени. На изборите утре можен е пресврт во негова полза дури и во традиционалното републиканско упориште како Џорџија. кб/ 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан