• четврток, 19 март 2026

Трамп: Земјите што тргуваат со Иран ќе плаќаат царина од 25 проценти

Трамп: Земјите што тргуваат со Иран ќе плаќаат царина од 25 проценти

Вашингтон, 13 јануари 2026 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека секоја земја која тргува со Иран ќе биде подложена на царина од 25 проценти за сите трансакции што ги остварува со Соединетите Американски Држави.

„Стапува во сила веднаш: секоја земја што прави бизнис со Исламската Република Иран ќе плаќа царина од 25 проценти за сите зделки склучени со Соединетите Американски Држави“, напиша Трамп во објава на својата социјална мрежа „Трут соушал“.

Тој додаде дека „одлуката е конечна и не подлежи на жалба“. ссм/ми/

фото: архива

Остани поврзан