• петок, 22 ноември 2024

Трамп допатува во Кеноша со повици за безбедност, закон и поредок 

Трамп допатува во Кеноша со повици за безбедност, закон и поредок 
Вашингтон, 1 септември 2020 (МИА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп денеска e во Кеноша, Висконсин, местото на новиот бран протести што минатата недела преминаа во насилство откако бел полицаец седум пати стрелаше во грб на Афроамериканецот Џејкоб Блејк, за време на апсење.  Блејк остана парализиран од појасот надоле. Трамп во Кеноша ги посети местата со оштетена сопственост од нападите и палежите предизвикани од гневните демонстранти и оддржа тркалезна маса за безбедност во локалната заедница. Синоќа, тој изјави дека не планира да се сретне со семејството на Блејк, бидејќи тие побарала да бидат со адвокат.

Претседателот, исто така, одби да ги критикува постапките на Кајл Ритенхаус, 17-годишно момче, обвинето за смртно стрелање кон две лица, а трето останало рането, за време на уличните демонстрации во Кеноша.

На Ритенхаус ќе му се суди како на полнолетен и се соочува со пет кривични пријави, вклучително и убиство од прв степен.

-Тие многу агресивно го нападнаа“, рече Трамп пред новинарите за Ритенхаус. „Веројатно ќе беше убиен, доколку не отвореше оган кон демонстрантите“, додаде претседателот.

Гувернерот на Висконсин, Тони Еверс, претходно, му порача да не доаѓа во Кеноша, велејќи дека присуството на Трамп „само ќе го попречи нашето заздравување. Јас сум загрижен дека вашето присуство само ќе ја одложи нашата работа да ги надминеме поделбите и заедно да напредуваме “.

Еверс им нареди на војниците на Националната гарда да влезат во Кеноша и прифати дополнителна федерална помош со цел смирување на насилството низ градот, откако Блејк бeше застрелан.

Пoсетата на Трамп на Висконсин доаѓа во време кога тој и поранешниот потпретседател Џо Бајден, негов противник на претседателските избори во ноември, почнаа директни  меѓусебни напади за проблемите околу спроведување на безбедноста. 

Бајден и Камала Харис, кандидат за потпретседатал на САД од демократите, денеска, објавија 15-минутно видео на „физички дистанциран разговор“ меѓу нив двајцата, во кој тие го опишуваат Трамп како нечувствителен и неспособен да ја менаџира кризата со коронавирусот. кб/сд/ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан