Трамп го обвини лидерот на движењето „Животите на црнците се важни“ за предавство и бунт
- Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини лидерот на движењето „Животите на црнците се важни“, Хак Њусом за предавство и поттикнување на бунт
Вашингтон, 26 јуни 2020 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини лидерот на движењето „Животите на црнците се важни“, Хак Њусом за предавство и поттикнување на бунт.
Коментарот на Трамп уследи откако Њусом во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека протестите покренале сериозна политичка расправа за реформи на полицијата, како и дека се уапсени полицајци кои примениле прекумерна сила.
Но, Њусом не ги осуди немирите во САД.
- Реков... Ако ова земја не ни го даде тоа што го сакаме, тогаш ќе го урнеме овој систем и ќе го замениме... Можеби зборувам фигуративно, а можеби и буквално. Тоа е прашање на интерпретација, посочи Њусом.
Трамп на Твитер остро одговори на изјавата на Њусом.
- Тоа е предавство, поттикнување на бунт, бунт!, објави Трамп на Твитер.
Тој исто ја напиша и фразата што често ја користи - „закон и ред“. ми/