• понеделник, 23 декември 2024

Традиционален планинарски марш до Водно

Традиционален планинарски марш до Водно

Скопје, 6 мај 2023 (МИА) - Европското движење денеска го организира традиционалниот планинарски марш до Водно по повод Европскиот ден на знамето.  

Пред седиштето на ЕУ, како што е најавено, ќе се изврши размена на македонското и европското знаме со традиционално и симболично значење. Потоа учесниците од седиштето на Делегацијата на Европската Унија ќе се упатат кон врвот на Водно, каде ќе бидат поставени двете знамиња.

На планинарскиот марш се очекува да се приклучат бројни планинари, активисти на Европското движење, студенти и други граѓани.

Освен церемонијалниот карактер, оваа манифестација има цел да го афирмира спортот и планинарските рекреативни активности, кои во Македонија би требало да бидат значително поразвиени, од тоа што се во овој момент, поради планинскиот карактер на нашата држава. цр/лв/

Фото:МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан