Традиционален новогодишен прием во амбасада во Тирана, за првпат доделени признанија за високо вреднување
- Овој настан, кој со години претставува симбол на заедништво, почит и пријателство, оваа година доби и посебна димензија. За првпат, амбасадата додели две признанија како израз на благодарност и високо вреднување на искрената поддршка, соработката и пријателството, објави амбасадата.
Тирана, 31 декември 2025 (МИА) - Во празнична атмосфера, македонската амбасада во Албанија го одржа традиционалниот новогодишен прием за припадниците на македонската заедница и драгите пријатели во Република Албанија.
-Овој настан, кој со години претставува симбол на заедништво, почит и пријателство, оваа година доби и посебна димензија. За првпат, амбасадата додели две признанија како израз на благодарност и високо вреднување на искрената поддршка, соработката и пријателството, објави амбасадата.
Признанието „Соработник на годината“ му беше доделено на Ендрид Фетаху, како знак на признание за неговиот континуиран ангажман, професионалност и значаен придонес во унапредувањето на соработката со македонската амбасада.

Признанието „Пријатели на годината“ им беше врачено на Андрија и Катерина, како симбол на искрено пријателство, отвореност и поддршка.
- Македонската амбасада во Албанија останува посветена на јакнење на врските со македонската заедница и на градење трајни пријателства засновани на меѓусебна почит, доверба и соработка. Со најискрени желби за здравје, мир и успех во Новата година, посакал Љуфтим Спахиу, вршител на должноста амбасадор.
Претставниците на македонската партија, здруженија и друштва, се заблагодариле за почитта, оценувајќи дека „ваквите средби се силен мост на поврзување, соработка и заемна поддршка и оти заедничкото испраќање на 2025 година и пречекот на Новата 2026 година носи порака на надеж, сплотеност и нови успеси“.
- Продолжуваме заедно, со почит кон македонската култура, корените и поглед кон иднината, порачале, стои во објавата. вт/aa/
Фото: Македонска амбасада во Албанија