• понеделник, 23 декември 2024

„Тојота“ повлекува 1,8 милиони „РАВ-4“ возила

„Тојота“ повлекува 1,8 милиони „РАВ-4“ возила

Токио, 2 ноември 2023 (МИА) - Јапонската автомобилска компанија „Тојота“ објави дека се повлекуваат најмалку 1,8 милиони возила „РАВ-4“ произведени од 2013. до 2018 година, поради недоволна безбедност и опасност од пожар.

„Нагло движење може да предизвика позитивниот крај на батеријата да дојде во допир со стегачот за задржување на батеријата и да направи краток спој“, се вели во соопштението.

Се наведува дека и некои заменски батерии во овие теренци не се со правилна големина и може да се откачат, па така да предизвикаат пожар при нагло завртување на автомобилот.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан