• среда, 27 ноември 2024

Тошковски домаќин на министерски состанок во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа

Тошковски домаќин на министерски состанок во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа

Скопје, 3 април 2024 (МИА) - Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски денеска бил домаќин на министерскиот состанок „Трендови и предизвици во регионалната безбедносна соработка во регионот во Југоисточна Европа низ призмата на организираниот криминал со акцент на криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе и нејзино натамошно унапредување“, што се одржува во рамки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

Како што соопштија денеска од МВР, во рамки на овој состанок техничкиот министер Тошковски имал свое обраќање во кое истакнал дека oсобено му е драго што присуствуваат речиси сите учесници на Процесот, застапени на различно ниво, докажувајќи ја посветеноста на оваа иницијатива, поддршката која заеднички ја нудиме за да го зачуваме мирот, безбедноста, стабилноста, солидарноста и добрососедските односи кои веќе се признаени и на европско ниво. Потенцирал дека oрганизираниот криминал забрзано се развива ширум светот и претставува растечка закана за општествата и за граѓаните. Еволутивен и повеќедимензионален по карактер, организираниот криминал, се вели во соопштението, се прилагодува на новите технологии и брзата дигитализација што доведува до нови предизвици во одржувањето на безбедноста како на регионално, така и на светско ниво.

- Нашето заедничко дејствување е важно и корисно не само за пошироката јавност, туку и за граѓаните на нашите земји, за чие добро и безбедност работиме и ние како службеници во Министерствата. Постабилна, побезбедна, економски напредна Југоисточна Европа, тоа им го должиме на нашите граѓани. Да продолжиме да работиме заедно за тоа и да им го обезбедиме“, нагласил Тошковски. цр/ац/

Фото и видео: МВР

Остани поврзан