• недела, 22 декември 2024

Тотенхем еден месец без повредениот Ришарлисон

Тотенхем еден месец без повредениот Ришарлисон

 

Лондон, 2 март 2024 (МИА) – Фудбалерот на Тотенхем, Ришарлисон, најмалку еден месец ќе биде надвор од теренот поради повреда, објави лондонскиот премиерлигаш.

Бразилскиот репрезентативец го повреди коленото во дуелот изминатиот викенд против Вулверхемптон и го чека четиринеделна пауза.

Ришарлисон, беше во многу добра форма во последно време, а оваа сезона постигна десет голови во Премиер лигата, од кои девет на последните 10 натпревари.

„Разочаран е, исто и ние“, изјави тренерот на Тотенхем, Анге Постекоглу.

Тотенхем е петтопласиран на табелата пред денешниот дуел против градскиот ривал Кристал Палас. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан