Торта стара 40 години оди на наддавање
- Годишнината од „кралската венчавка од бајка“, кога наследникот на британската круна се ожени со срамежливата 20-годишна Дијана Спенсер, на 29 јули 1981 година во лондонската катедрала „Сент П
Лондон, 29 јули 2021 (МИА) - Парче свадбена торта од свеченоста на принцот и принцезата од Велс ќе биде ставено на аукција - 40 години откако британскиот престолонаследник Чарлс и Лејди Дијана го кажаа нивното судбоносно „да“.
Годишнината од „кралската венчавка од бајка“, кога наследникот на британската круна се ожени со срамежливата 20-годишна Дијана Спенсер, на 29 јули 1981 година во лондонската катедрала „Сент Пол“, е денеска. Но, нивната брачна среќа не траеше долго - тие се разделија 11 години подоцна, 1992 година, а официјално се разведоа во 1996 година.
Кришката од марципан како основа и со шлаг, е едно од 23-те тогашни свадбени парчиња. Содржи прелив од шеќер што го пресликува кралскиот грб во златно-црвено-сино-сребрена боја. си/