• понеделник, 23 декември 2024

Торонто го совлада Бруклин и поведе во серија со 3:0

Торонто го совлада Бруклин и поведе во серија со 3:0
Орландо, 21 август 2020 (МИА) – Актуелниот НБА шампион Торонто, вечерва го совлада Бруклин со 117:92 во третиот натпревар од првото коло од плеј-офот. По овој триумф Репторс поведоа со 3:0 и се на само еден чекор до пласманот во конференциското полуфинале. Паскал Сијакам со 26 поени беше најефикасен во победничкиот тим, додека Tајлер Џонсон се истакна во поразениот состав со 23 поени. Четвртиот натпревар од серијата Бруклин - Торонто ќе се одржи на 24 август. зс/

Остани поврзан