• вторник, 05 ноември 2024

Том Холанд шест месеци трезен

Том Холанд шест месеци трезен

Лос Анџелес, 12 јули 2023 (МИА) - Глумецот Том Холанд (27) на почетокот на оваа година сфатил дека има проблем со алкохолот, и тоа по еден интернет-предизвик. Во емисијата „On Purpose“ на Џеј Шети, имено, ѕвездата на „Спајдермен“ открива дека ја осознал својата зависност кога се обврзал да не пие еден месец во рамки на друштвената игра „Сув јануари“. Потоа, вели, мислел само на пиење.

- Се будев размислувајќи за тоа. Го проверував часовникот... И, тоа навистина ме исплаши. Помислив, можеби има нешто повеќе во ова, рече тој.

Холанд решил да мине уште два месецa без алкохол, по што се појавиле и внатрешните телесни проблеми.

Глумецот, кој е во врска со ѕвездата на „Еуфорија“ - Зендеја, призна дека се соочувал со предизвици и по неколку месеци „чист“ живот, што го уверило во неговата зависност од алкохол. Затоа решил да остане трезен шест месеци, до неговиот роденден на 1 јуни. Тогаш, конечно, забележал позитивни промени во својот живот.

- Почнав да спијам подобро. Бев поотпорен на проблеми и предизвици на снимањето, што инаку би ме изнервирале. Чувствував поголема умствена бистрина и општо земено се чувствував поздраво и подобро, појаснува Холанд.

Тој сфатил дека е роб на алкохолот и опседнат со пиењето, бидејќи, наводно, првично така се чувствувал поудобно во друштво. Горд е што половина година не испил ниту капка алкохол, што го постигнал со својата одлучност. Тој не сака на другите луѓе да им го наметнува својот избор на начин на живот, но сепак, посочува дека би требало да го намалат алкохолот.  си/паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан