• петок, 22 ноември 2024

Том Хенкс има дијабетес

Том Хенкс има дијабетес

Лос Анџелес, 15 март 2022 (МИА) - На американскиот глумец Том Хенкс му е дијагностициран дијабетес тип 2. Според самите негови кажувања, причината за тоа е, што „бил голем идиот" и не внимавал на исхраната и својата тежина. Актерот веста ја објави во „Шоуто на Дејвид Летерман“.

- Веќе некое време сум „тешкаш. Ме гледате и во филмовите - знаете како изгледам. Бев голем идиот. Мислев дека можам да го избегнам тоа со отстранување на лебот од моите чизбургери, изјави Том Хенкс (65). Наградуваниот глумец, можеби најпознат по филмовите „Бродоломец“, „Филаделфија“ и „Форест Гамп“, додаде дека добрата работа кај дијабетесот 2 е што несаканите појави може да се контролираат.  си/сд/

Остани поврзан