Томшиќ од КСЗД: Националната или етничката припадност најчесто утврдена основа за дискриминација, најмногу поднесени претставки од областа на работните односи
- Националната или етничката припадност е најчесто утврдена основа за дискриминација во мислењата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминацијата (КСЗД) во 2025 година, и тоа во 29 проценти од вкупно утврдените случаи, а потоа следуваат основите друга основа, пол, попреченост, лично својство и општествен статус, род и политичко уверување, како и други помалку застапени основи. Најголем број утврдени случаи на дискриминацијата во 2025 година, се во институциите на јавниот сектор (38 случаи или 68 проценти), а утврдени се и случаи во приватниот сектор (11 случаи или 20 проценти), како и на социјалните мрежи и медиумите (7 случаи или 13 проценти). Ова го истакна претседателот на КСЗД, Душан Томшиќ при презентацијата на Годишниот извештај за работата на Комисијата за 2025 година, кој беше разгледан на денешната седница на собраниската Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.