• понеделник, 23 декември 2024

Ти Џеј Шортс нов македонски репрезентативец

Ти Џеј Шортс нов македонски репрезентативец
Скопје, 31 октомври 2022 (МИА) - Ти Џеј Шортс, најдобриот стрелец во Бундеслигата, ќе биде нов репрезентативец на Македонија. Американецот се наоѓа на списокот на селекторот Александар Јончевски за ноемврискиот циклус, и мечевите со Норвешка и Данска во Гевгелија, објави Кошаркарската федерација на Северна Македонија. Намерата на стручниот штаб на нашата сениорска селекција и на раководството на федерацијата, да натурализира плејмејкер кој ќе помогне во наредниот период, а почнувајќи од вториот круг на претквалификациите за Европското првенство во 2025 година се остварува со ангажманот на Ти Џеј Шортс. Тој се наоѓа на списокот на Јончевски за средбите со Норвешка и Данска, на 10-ти односно на 13 ноември во Гевгелија. Шортс е американски плејмејкер кој од пред неколку месеци е член на бундеслигашот Телеком Бон, а и претходните две сезони играше во германското првенство. По една сезона помина во Хамбург Тауерс и Краилсхајм Мерлинс, а првата професионална година во европската кошарка ја помина во летонскиот Вентспилс. Минатата сезона беше најдобар стрелец (20,6 поени) и играч со највисок просечен индекс во Бундеслигата (22,3). Дваесет и петгодишниот Шортс е висок е 175 сантиметри и оваа сезона игра фантастично во дресот на Телеком Бон кој по првите четири кола просечно постигнува по 17 поени, 7 асистенции и 2 скока, со индекс 16 и е најефикасен и играч со највисок ефект во својата екипа. За тројка шутира со над 50% (8/15), а вкупно од поле со 44% (15/34). Се истакнува и со играта во одбрана бидејќи просечно бележи по 1,3 украдени топки со што е втор во тимот на Телеком Бон. Во Лигата на шампионите е уште подобар, на три натпревари просечно постигнуваше по 26,7 поени и 7,7 асистенции со индекс 29,3. зс/

Остани поврзан