• недела, 24 ноември 2024

Тинејџер на Борусија Дортмунд стана најмлад фудбалер во историјата на Лигата на шампиони

Тинејџер на Борусија Дортмунд стана најмлад фудбалер во историјата на Лигата на шампиони
Санкт Петерсбург, 8 декември 2020 (МИА) – Бундеслигашот Борусија Дортмунд вечерва имаше повод за двојна радост по гостувањето кај Зенит во Лигата на шампиони (ЛШ), откако со триумфот од 2-1 влезе во нокаут фазата како првопласиран во Х-групата, а тинејџерот на „милионерите“ Јусуфа Мукоко стана најмлад играч во историјата на елитното натпреварување. Тинејџерот на Борусија Дортмунд дебитираше во ЛШ со 16 години и 18 денови, соборувајќи го рекордот, кој досега го држеше Селестин Бабајаро настапувајќи за Андерлехт со 16 години и 85 денови. Мукоко, кој е роден во Камерун, но игра за младинските репрезентации на Германија, испиша историјата, откако влезе во игра од клупата за резерви на местото на Феликс Паслак во 58 минута на мечот во Санкт Петербург. ег/зс/

Остани поврзан