• понеделник, 23 декември 2024

Тинејџерка направи мини-сала за искачувања од својата соба (видео)

Тинејџерка направи мини-сала за искачувања од својата соба (видео)
Лос Анџелес, 21 април 2020 (МИА) - Тинејџерка од САД стана своевиден хит на интернет поради нејзиниот креативен начин да ја победи здодевноста со којашто нејзините врсници се соочуваат поради изолацијата и физичкото растојание. Имено, Ерин Слоун од една од своите детски соби направи мини-сала за планинарење. Редизајнирањето на ѕидот траело само една седмица, вели таа. - Само ја затворив вратата, си пуштив музика и се фатив за работа. Бев горда на себе кога сѐ беше завршено... Се пофалив на другарка, па сега и таа сака да си направи ваков ѕид, раскажува Ерин. Девојчето било инспирирано од околната сала за искачувања, којашто таа редовно ја посетувала. Пред пандемијата со новиот коронавирус, вежбала искачување 80 часа неделно. си/ми/ https://youtu.be/QYnDsUohZQY

Остани поврзан