Тина Тарнер се враќа на сцената
- „Сè уште не ми се верува дека работам со Тина Тарнер и дека в петок секој ќе може да слушне како тоа звучи. ’What Love Got Got To Do With It’ е една од моите омилени песни на сите времиња и,
Лос Анџелес, 16 јули 2020 (МИА) - На задоволство на милиони обожаватели ширум светот, легендарната поп-дива Тина Тарнер го прекрши ветувањето дека ќе се збогува со естрадата, што го даде откако го загуби својот син и се повлече од сцената.
Нејзиното спектакуларно враќање ќе биде сосем соодветно - со преработка на нејзиниот голем хит „What Love Got Got To Do With It“ од 1984 година, во соработка со надежниот норвешки продуцент - ди-џеј Кајго. Самиот тој ја објави веста на својот Инстаграм-профил, заедно со фотографија на која позира со легендарната пејачка.
„Се уште не ми се верува дека работам со Тина Тарнер и дека в петок секој ќе може да слушне како тоа звучи. ’What Love Got Got To Do With It’ е една од моите омилени песни на сите времиња и, се чини, ’нестварно’ е да се има можност да се работи со таков легендарен уметник“, напиша ди-џеј Кајго (28), во објавата.
Младиот уметник се прослави во областа на светската музика минатата година, со преработката на песната на Витни Хјустон - „Higher Love“, којашто постхумно ја одведе пејачката на познатата „Билборд хот 100“ листа. си/сд/