• сабота, 23 ноември 2024

Тим на „Лајка“ на неколку локации во општина Кисела Вода

Тим на „Лајка“ на неколку локации во општина Кисела Вода

Скопје, 5 април 2023 (МИА) - Заловувачкиот тим на ЈП „Лајка“ во досегашниот тек на неделата, беше на неколку локации во општина Кисела Вода за спроведување на најавеното стратешко заловување на бездомни кучиња и нивен хуман третман, соопштија денеска од претпријатието.

- Заловувачкиот тим ги посети улицата „Христо Татарчев“, фабрика „Треска“, Расадник, О.У. „Круме Кепески“, Тефериќ и така натаму. Во останатите денови од оваа работна недела, заловувачкиот тим на ЈП „Лајка“ ќе заловува во Шампионче, „11 Октомври“, Бирарија, Црниче, Пржино, Чешма и Припор, се појаснува во соопштението.

Дел од заловените кучиња биле плашливи и недоверливи и била потребна асистенција од ветеринарен доктор за да се седираат при заловувањето.

- Кутрињата кои се диви е потребно да се заловат со пневматска пушка, која е посебна хумана мерка и не е толку стресна кај заловувањето на овие кучиња. Доколку граѓаните од оваа општина имаат бездомно куче и сакаат да го посочат на тимовите, нека се јават на 02 256 5859, 071 219 925 или нека пријават на info@lajka.com.mk, наведуваат од претпријатието.

Како што додаваат оттаму, граѓаните може и да помогнат во акцијата, со тоа што сами би пријавиле бездомно куче, кое можат сами да го донесат во стационарот, со претходна најава. бд/са/

ФОТО: ЈП „Лајка“

Остани поврзан