• недела, 22 декември 2024

Тимчо Муцунски - министер за надворешни работи и надворешна трговија

Тимчо Муцунски - министер за надворешни работи и надворешна трговија

Скопје, 23 јуни 2024 (МИА) - Тимчо Муцунски, доктор по правни науки, кој ќе го предводи Министерството за надворешни работи во новата влада, е роден на 29 јули 1989 година во Берово.

Тој на функцијата шеф на дипломатијата доаѓа од позицијата градоначалник на Општина Аеродром која ја извршува од 2021 година.

Муцунски докторирал правни науки на Правниот факултет „Јустинијан први“ при УКИМ, каде дипломирал и магистрирал. Бил демонстратор од 2009 до 2015 година, потоа асистент, а од 2019 година е избран и за доцент на Правниот факултет.

Бил пратеник во два наврата во националното Собрание - од 2015 до 2019 година и од 2020 до 2021 година. Од 2015 до 2017 година ја извршувал функцијата заменик министер за информатичко општество и администрација.

Автор, односно коавтор е на над 20 меѓународни и домашни научни трудови. Во делот на домашни публикации, наведено е дека е коавтор на два основни универзитетски учебника и автор на една стручна монографија.

Муцунски учествувал и во неколку меѓународни и домашни научно - истрашувачки проекти.

Одлично го владее англискиот јазик. вг/лв/

Фото: МИА Архива

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Остани поврзан