• петок, 22 ноември 2024

Тимот на Камала Харис се состана со шест потенцијални потпретседателски кандидати

Тимот на Камала Харис се состана со шест потенцијални потпретседателски кандидати

Вашингтон, 3 август 2024 (МИА) - Тимот на американската потпретседателка Камала Харис имаше средби со шест потенцијални кандидати за потпретседател, изјавија два извора блиски до кампањата, објави денеска Ен-Би-Си Њуз.

Кандидатите се гувернерот на Пенсилванија Џош Шапиро, американскиот сенатор Марк Кели, гувернерот на Минесота Тим Волц, гувернерот на Кентаки Енди Бешир, гувернерот на Илиноис Џеј Би Прицкер и министерот за сообраќај Пит Бутиџиџ, рекоа изворите.
„Тимот се сретна со Шапиро во средата,“ изјави еден извор и додаде дека потпретседателката на САД не присуствувала на тој состанок.
Со сенаторот Кели тимот се сретна во вторникот попладне, а Прицкер во понеделник разговараше со тимот на Камала Харис три часа.

Се очекува Харис до понеделник да одлучи кој ќе биде потпретседател.
Нејзината кампања исто така планира одлуката да ја објави на социјалните мрежи,  пишуваат американските медиуми.

Изборниот штаб на Камала Харис ангажираше поранешен државен обвинител на САД, Ерик Холдер и адвокатската фирма „Ковингтон и Бурлинг“ да ги испитаат потенцијалните потпретседателски кандидати.  „Тие го завршија својот работа и ги предадоа заклучоците,“ изјави извор за Ројтерс, пренесува Ен-Би-Си Њуз

Се очекува Харис и нејзиниот нов потпретседателски кандидат во вторник да тргнат на четиридневна турнеја каде што ќе посетат шест локации, вклучувајќи го западен Висконсин, Детроит и Лас Вегас. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан