• четврток, 19 декември 2024

Тиквата е благотворна за срцето и системот за варење

Тиквата е благотворна за срцето и системот за варење

Скопје, 22 ноември 2022 (МИА) - Тиквата важи за здрава храна. Има нискокалорична содржина и може да биде одлична основа и за супи, салати и печива. Во истовреме, содржи и доста протеини и јаглени хидрати.

Диететските влакна, на пр., се неопходни за добро варење, како и за здравјето на цревната микрофлора. Стручњаците за исхрана препорачуваат најмалку 30 видови влакна неделно во исхраната. Така, одличен избор за проширување на овој список би била тиквата. Исто така, влакната во тиквата во комбинација со други корисни материи во неа, придонесуваат за здравјето и на кардиоваскуларниот систем. Тиквата содржи витамини А, Ц, Е, К, од групата Б, како и минерали - железо, магнезиум, калиум, калциум, фосфор. Семките од тиква се едни од најполезните во однос на содржината на цинк - само 30 грама семки ќе покријат речиси 70 отсто од дневната потреба на телото. А пак, 100 грама тиква содржи третина од дневната потреба за витамин А. Овие материи се неопходни за видот, убавата кожа и секако - имунитетот. Во есенско-зимскиот период особено се потребни калиум, калциум, магнезиум, а тиквата е богата и со еден друг многу важен елемент - силициумот. Високата содржина на фолна киселина овозможува тиквата да се препорача за консумирање и во бременоста. Погоден е за луѓе кои имаат проблеми со сиистемот за варење. Нема контраиндикации за употреба од дијабетичари, напротив. Лекарите нагласуваат оти семките немаат несакано дејство, му помагаат на црниот дроб и го намалуваат холестеролот.  си/ссм/

Остани поврзан