• понеделник, 23 декември 2024

Тејлор Свифт го освои четврто „Греми“ за албум на годината

Тејлор Свифт го освои четврто „Греми“ за албум на годината

Лос Анџелес, 5 февруари 2024 (МИА) - Тејлор Свифт ја освои „Греми“ наградата за албум на годината, со нејзиниот „Midnights“ од 2022 година, со што стана изведувачка со најмногу одличја во таа категорија. Ова нејзе ѝ е четврто „Греми“ за албум на годината.

- Би сакала да кажам дека ова е најдобриот миг во мојот живот, но се чувствувам среќна кога создавам песна. За мене вистинската награда е трудот. Сѐ што сакам е да можам да продолжам да го правам ова што го работам. Тоа ме прави многу среќна, изјави Свифт по добивањето на признанието.

Поп-пејачкката притоа објави дека во април ќе го издаде и својот 11. албум, насловен „The Tortured Poets Department“.

Оваа година таа имаше шест номинации за престижната награда Греми: За албум на годината, песна, снимка на годината, соло поп-изведба, поп-дует или групна изведба и поп-вокален албум.

За песна на годината е прогласена баладата „What Was I Made For?“ во изведба на Били Ајлиш, а пак, Мајли Сајрус доби „Греми“ за снимка на годината, за песната „Flowers“. Ар-ен-би и поп-пејачката Викторија Моне е прогласена за најдобра нова изведувачка. „Греми“ наградите се доделуваат во повеќе од 90 категории, а победниците ги избираат музичари, продуценти и други лица членови во американската Национална академија за музички науки и уметности.  си/ми/

Фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан