• понеделник, 23 декември 2024

Тешко повреден 42-годишник од струшко откако работна машина излетала од патот

Тешко повреден 42-годишник од струшко откако работна машина излетала од патот

Скопје, 21 јануари 2024 (МИА) - Тешко повреден е 42-годишник од струшкото село Велешта, откако работната машина која ја управувал, излетала од патот, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.

- Во ОВР Струга вчера било пријавено дека околу 16 часот на регионалниот пат Струга - Дебар, во село Враништа, работна машина со струшки регистарски ознаки, управувана од Б.Н. од село Велешта, струшко, излетала од патот. Во несреќата, Б.Н. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, појаснуваат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга. бд/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан