• среда, 19 јуни 2024

Тешко повреден 20-годишен скопјанец, изгубил контрола над возило и удрил во столб

Тешко повреден 20-годишен скопјанец, изгубил контрола над возило и удрил во столб

Скопје, 11 јуни 2024 (МИА) - Тешко повреден е 20-годишен скопјанец, откако изгубил контрола над возило и удрил во столб, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

- Синоќа околу 21.30 часот во СВР - Скопје било пријавено дека на булеварот „Србија“, Х.Б., управувајќи патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во столб од улично осветлување, појаснуваат од МВР.

Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид извршила екипа од СВР - Скопје. бд/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан