• петок, 05 декември 2025

Тешко повреден мотоциклист на автопатот Градско-Прилеп

Тешко повреден мотоциклист на автопатот Градско-Прилеп

Велес, 8 август 2025 (МИА) - Во СВР Велес вчера околу 15:10 часот  било  пријавено дека на автопатот Велес-Градско, во близина на излезот кон експресниот пат Градско-Прилеп, 28 годишниот Г.Ш.С. oд Република Турција, со привремен престој во село Врапчиште, гостиварско, управувајќи мотоцикл „хонда“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Г.Ш.С., констатирани во Општа болница Велес, инфорираат денеска од СВР Велес.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес. ад/дма/

Фото: МИА архива
 

Остани поврзан