• понеделник, 23 декември 2024

Тешко повредено десетгодишно девојче-пешак, откако во неа удрил автомобил

Тешко повредено десетгодишно девојче-пешак, откако во неа удрил автомобил

Тетово, 5 ноември 2022 (МИА) - Десетгодишно девојче пешак било тешко повредено вечерва, околу 19 часот во Тетово, откако во него удрил автомобил управуван од 27 - годишна жена. Повреденото девојче со возило на итната медицинска помош е однесено во тетовската болница.

колу 18 часот и 50 минути, на крстосницата на улиците Илинденска и Видоја Смилевски-Бато“ во Тетово, патничко моторно возило „Фиат пунто“ со српски национални регистарски ознаки, управувано од 27- годишната српска државјанка М.Н. со времен престој во Тетовско, удрило во малолетничка (пешак) од Тетово. Во несреќата, девојчето се здобило со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, информираше Марјан Јосифоски, портпартол на СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово. ас/вг/

Фото: МИА Архива  

Остани поврзан