• сабота, 23 ноември 2024

Тетовските полицајци делеа флаери и превентивно ги предупредуваа возачите да не зборуваат на телефон додека возат

Тетовските полицајци делеа флаери и превентивно ги предупредуваа возачите да не зборуваат на телефон додека возат

Тетово, 25 февруари 2023 (МИА) - „Не користи мобилен телефон додека возиш“ и „Секој човек може да почека“, се пораките кои возачите во Тетово денеска ги добија во вид на флаери од сообраќајните полицајци кои ги делеа во централното градско подрачје.

Од СВР Тетово велат дека со оваа кампања се очекува да се придонесе за подигнување на сообраќајната свест и култура на возачите да се воздржат од користење мобилни телефони додека возат и да бидат максимално внимателни и сконецентрирани.

-Во рамките на заедничката кампања „Вози внимателно и одговорно“, чии носители се Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност-Скопје, полициски службеници од СВР Тетово-Отсек за превенција, денеска (25 февруари)  во Тетово и Гостивар организираа превентивни активности, при што поделија и неколку стотини наменски изработени летоци. Во летоците кои им се делеа на возачите во централните подрачја на Тетово  и Гостивар, содржани се пораки со иста основна цел „Не користи мобилен телефон додека возиш“ и „Секој човек може да почека“, а во функција на поголема лична и вкупна безбедност во сообраќајот. Ова, дотолку повеќе што зборувањето на телефон и пишувањето на пораки е опасно и ризично, го одвлекува вниманието на возачите и ги доведува во опасност да предизвикаат сообраќајни несреќи, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

За користење мобилни телефони при возење минатата година на подрачјето на СВР Тетово биле изречени над 500 законски предвидени мерки. ас/аа/

Фото МИА

Остани поврзан