• сабота, 29 јуни 2024

Тери се приклучува на стручниот штаб на Лестер

Тери се приклучува на стручниот штаб на Лестер

Лечестер, 11 април 2023 (МИА) - Поранешниот дефанзивец на Челзи, Џон Тери се приклучи на стручниот штаб на Лестер, објави официјалниот сајт на клубот.

 

Четириесет и двегодишниот Англичанец ќе работи како помошник на Дин Смит, кој вчера го презеде тимот. Тери веќе работеше во стручниот штаб на Смит во Астон Вила.

 

На 2 април, Лестер го отпушти тренерот Брендан Роџерс.

 

По 30 кола, Лестер со 25 бодови го зазема претпоследното место на табелата во Премиер лигата. зс/

 

Фото: Твитер

Остани поврзан