• вторник, 02 јули 2024

Тери се повлече од стручниот штаб на Астон Вила

Тери се повлече од стручниот штаб на Астон Вила
Бирмингем, 26 јули 2021 (МИА) - Поранешниот дефанзивец на Челзи, Џон Тери го напушти стручниот штаб на Астон Вила. - За мене беше голема чест и привилегија да ги поминам последните три години во Астон Вила. Сега е вистинското време да донесеме исклучително тешка одлука и да продолжиме понатаму, изјави Тери. Англичанецот се приклучи на Астон Вила во 2017 година и стана капитен на тимот, играјќи 32 натпревари во една сезона. Тој се врати во клубот една година подоцна, станувајќи помошник тренер на Дин Смит. зс/

Остани поврзан